Соопштенија

Трет уписен рок за прв циклус 2022/23

Почитувани идни студенти, На 28.09.2022 ќе биде овозможена регистрација на онлајн сервисот https://www.upisi.ukim.mk/ за Трет уписен рок за прв циклус. Ве потсетуваме дека е задолжително да се донесат оригиналните документи со физичко присуство во просториите на студентската служба на факултетот. Аплицирање на онлајн сервисот www.upisi.ukim.mk е задолжително, но потребно е и физички да се донесат документите

КОНЕЧНА РАНГ ЛИСТА И ИНФОРМАЦИИ ЗА УПИС ЗА ВТОРИОТ УПИСЕН РОК ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

Почитувани идни студенти, Во прилог e конечната ранг листа за вториот уписен рок за учебната 2022/2023 година. Примените кандидати се запишуваат на 26.09.2022 година. При запишувањето кандидатите поднесуваат : Индекс, студентска легитимација и пријавни листови (може да ги најдете во книжарата на факултетот). Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5×4,5 и една со димензии 2×3). Потврда

УСФМ – Меѓународен ден на Универзитетскиот спорт Денес на Факултетот за Физичко образование,спорт и здравје, во организација на Универзитетската спортска федерација на Македонија се одржа Конференција посветена на 20-ти Септември-Меѓународен ден на Универзитетскиот спорт прогласен од УНЕСКО. Конференцијата беше со тема:Песперктивите на Универзитетскиот спорт во Република Северна Македонија. Присутните беа поздравени од Претседателот на Универзитетската спортска федерација на Македонија Проф. Д-р Ленче
Упис на зимски семестар

Почитувани студенти, Уписот на зимски семестар за студентите од втора, трета и четврта година е до 30.09.2022.

Резултати од испитот по Педагогија одржан на 06.09.2022

Положени студенти од испитот по Педагогија одржан на 06.09.2022 : Број на индекс Оценка 6723 10 6632 9 6582 6 6818 6 6728 6 Студентите за оценка може да дојдат на 22.09.22 ( Среда) во 10:30 часот, на Филозофски факултет кај Проф. д-р. Лена Дамовски.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР И ПРЕДМЕТИ ВО IKNOW

Почитувани студенти, Би сакале да ве потсетиме дека сите студенти имаат обврска да го запишат електронски новиот семестар и да ги внесат предметите за да избегнат казна за закаснето запишување. Доколку имате потешкотии, на следниот линк може да најдете упатство како тоа лесно може да се направи: https://ffosz.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2020/10/iknow-upatstvo_studenti.pdf Доколку сте студенти – бруцоши кои прв

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТОТ ПО СКИЈАЊЕ ОДРЖАН НА 31.8.2022

Резултати од испитот по Скијање 1 и 2, одржан на 31.08.2022 година. Положиле: 1. 6577 2. 6223 3. 6587 4. 5896 5. 6961 6. 6910 7. 6469   Предметен професор, Проф Д-р Небојша Марковски

Уписи за трет циклус на студии

Почитувани студенти, Електронското пријавување за трет циклус на студии ќе биде од 19.09.2022 до 07.10.2022. Уписите ќе бидат од 26.10.2022 до 04.11.2022.

Прв уписен рок за втор циклус на студии

Почитувани студенти, Електронското пријавување за втор циклус на студии ќе биде од 19.09.2022 до 27.09.2022. Задолжително во апликацијата одберете Постдипломски студии. Уписите ќе бидат на 03.10.2022 и  04.10.2022.

Втор уписен рок за прв циклус – 2022

Почитувани идни студенти, Овозможена е регистрацијата на онлајн сервисот https://www.upisi.ukim.mk/ за Втор уписен рок за прв циклус. Ве потсетуваме дека е задолжително да се донесат оригиналните документи со физичко присуство во просториите на студентската служба на факултетот. Аплицирање на онлајн сервисот www.upisi.ukim.mk е задолжително, но потребно е и физички да се донесат документите (во оригинална форма).