Преземете ја потврдата за редовен студент За бесплатен јавен превоз од ЈСП, потребно е да ја преземете и пополнете потврдата за редовен студент со ваши информации. Потоа донесете ја во студентската служба на факултетот (понеделник-петок од 11:00 – 16:00) за да ви биде заверена и потпишана од шефот на службата.
Одете на https://iknow.ukim.mk и следeте го линкот „Заборавена лозинка“ кој се наоѓа под плавото копче за „Најава“. Потоа внесете ја меил адресата со која сте регистриран на Факултетот за физичко образование спорт и здравје и изберете “Submit” т.е белото копче. На вашиот меил ќе ви стигне порака од iknow за ресетирање на лозинка. Го отварате меилот за ресетирање на лозинката. Кликате на (link) за ресетиранје на лозинката и ја внесувате 2 пати новата лозинка која мора да содржи мали, големи букви, бројки и специјален знак (@,#,%,!) На пример: ImePrezime007@ Погледнето го и видео упатството од процедурата: https://www.youtube.com/watch?v=XAM9Hsgs5LM
За да се најавите на iKnow системот и да ги пријавите испитите и семестрите, следете го следниот линк: https://iknow.ukim.mk Внесете ги вашето корисничко име (email со кој сте регистриран на факултетот) и лозинката.
Делот International Platform т.е. Интернационална платформа е место каде што студентите кои се партиципанти во Erasmus+ проектот можат да ги споделуваат своите мислења, да поставуваат слики од настаните и слично. Сите заинтересирани за учество на Интернационалната платформа да испратат меил на admin@ffosz.ukim.edu.mk за да добијат корисничко име и лозинка за најава.
За да ги пријавите испитите, потребно е да се најавите со вашиот профил на iknow.ukim.mk. Потоа одете во делот „Пријави“, ги селектирате сите испити со помош на коцките за штиклирање (обележување) од десно и кликате на плавото копче „Пријави“. Со тоа процедурата е завршена