Почитувани студенти,
За успешно запишување на семестарот, следете ги следните чекори:
1.Електронско запишување преку iKnow системот
• Најавете се на вашиот iKnow профил.
• Од менито отворете во Семестри и внесете го семестарот кој треба да го слушате.
• Потоа, изберете ги предметите кои треба да ги слушате во тој семестар.
• По успешното внесување, системот ќе генерира потврда за запишан семестар и ќе го прикаже вкупниот износ.
За полесно следење на постапката, во прилог е достапно и видео упатство за електронско запишување преку iKnow системот.
2. Извршување на уплата
• Уплатите треба да се извршат согласно сумата прикажана на iknow откако ќе ги внесете предметите.
• Во продолжение се прикачени урнек уплатници со потребните информации за плаќање.
На следниот линк може да најдете упатство за запишување на секој семестар.
Во продолжение имате видео на кое се објаснети чекорите за заборавена лозинка и запишување на семестар.
Видео упатство за најава и заборавена лозинка на iknow :
Видео упатство за запишување на семестар :
Уплатница за уплата на кредити за семестар. Износот го внесувате согласно кредитите запишани во iknow и сумата која ви ја генерира системот.
Уплатница за дополнителни трошоци за семестар.
Уплатница за електронски трошоци.