Завршница на Универзитетски спортски натпревари



Со финалните дуели во мал-фудбал, ракомет и кошарка кои се одиграа во малата сала на СЦ Јане Сандански заврши годинашното издание на спортските натпревари на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, чиј успешен организатор на беше Факултетот за физичко образование, спорт и здравје,

 

Над 1.300 студенти,  пријавени во 57 екипи, во четири екипни и пет индивидуални спортови, како и 70-тина официјални лица, земаа учество во годинашното издание.

 

Покрај екипните и поединечни признанија за најдобрите, беа доделени и признанија за фер-плеј кое му припадна нна Филозофскиот факултет, а очекувано студентите и спортисти од Факултетот за Физичко образование, спорт и здравје се севкупен победник.

 

(веста е преземена од веб страната на Сител)

Линк до оригиналната содржина