Комисија за етика и интегритет во научни истражувања
(Research Ethics Committee)
последна измена: 17 Мај 2026
Комисијата за етика и интегритет во научни истражувања при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје -ФФОСЗ (во Одлуката именувана како „Етичка комисија“) е основана од Наставно-научниот совет на ФФОСЗ со Одлука бр. 0201-1240/22 од 2.9.2024 година, донесена на 139-та седница одржана на 2.9.2024 година, врз основа на член 110 од Законот за високото образование („Сл. весник на Република Македонија“ бр. 82/2018 и „Сл. весник на РСМ“ бр. 154/2019, 76/2020 и 178/2021), член 72 од Статутот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Универзитетски гласник бр. 453/2019.
Комисијата има задача да ги разгледува и оценува етичките аспекти на научноистражувачките активности кои вклучуваат испитаници, како и да издава Етичко одобрување за спроведување на истражување/ Ethical Clearance Letter за истражувања кои се планирани и реализирани согласно етичките принципи и важечките регулативи (Етички принципи за спроведување на научни истражувања- линк).
Надлежност на Комисијата
Комисијата разгледува барања за истражувања кои се директно поврзани со:
- Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
- Наставниот и научноистражувачкиот процес на ФФОСЗ
- студенти, наставници, соработници и истражувачи поврзани со ФФОСЗ
- научноистражувачки и проектни активности реализирани во рамки на ФФОСЗ
Комисијата не разгледува барања за истражувања кои немаат директна поврзаност со ФФОСЗ или не се реализираат во рамки на научноистражувачките активности на факултетот.
_____________________________________________________________________________
Насоки за етичка документација при публикување трудови кои произлегуваат од магистерски и докторски истражувања
Комисијата не разгледува (не издава етички одобренија за) веќе реализирани истражувања, вклучително и за истражувања кои претставуваат дел од магистерски или докторски тези. Трудовите кои произлегуваат од магистерски и докторски тези на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје претходно се разгледани и одобрени од Наставно-научниот совет на Факултетот и имаат поминато соодветна етичка процедура согласно важечките институционални правила и процедури. Во такви случаи, Комисијата препорачува во делот Acknowledgment на трудот да се вметне соодветна изјава дека трудот произлегува од одобрена магистерска или докторска теза, при што треба да се наведе и архивскиот број на одобрување на тезата. Ова се препорачува согласно насоките на Committee on Publication Ethics (COPE): COPE – Publishing material from theses. Истиот документ за одобрување на тезата од Наставно-научниот совет може да се користи и како доказ при поднесување на трудови во списанија, доколку списанието бара Ethical Clearance Letter. Сепак, Комисијата препорачува авторите дополнително да ја објаснат природата на одобрувањето кон списанието и да ги следат насоките и барањата на конкретното списание во однос на етичката документација.
пример:
Acknowledgment:
This article is derived from the author’s PhD thesis, “(add title),” submitted to Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Faculty of Physical Education, Sport and Health. The research presented in this article was conducted as part of an approved doctoral research project approved by the Faculty Council under archival/reference number (add number).
_____________________________________________________________________________
Постапка за етичко разгледување на истражување
1. Поднесување на барање
Раководителот на истражувањето или еден од истражувачите/авторите доставува:
- пополнето Барање за етичко разгледување на истражување- образецот може да се преземе тука.
- дополнителни документи (доколку е применливо)
Документите се доставуваат електронски на:
📧 research.ethics(at)ffosz.ukim.edu.mk
2. Проверка и етичко разгледување на истражувањето
Комисијата проверува:
- дали се доставени потребните документи
- дали истражувањето е во надлежност на Комисијата
Во процесот на етичко разгледување, Комисијата ги оценува:
- етичките аспекти на истражувањето
- заштитата на испитаниците
- начинот на прибирање и чување на податоци
- доброволното учество и информираната согласност
- можните ризици и безбедносни процедури
Доколку е потребно, Комисијата може да побара дополнителни информации, корекции или дополнувања на документацијата.
3.Одлука на Комисијата
По разгледувањето, Комисијата може:
- да го одобри истражувањето
- да побара дополнувања или измени
- да не го одобри истражувањето доколку не се исполнети етичките принципи
4.Издавање на Етичко одобрување
Доколку барањето е одобрено, Комисијата издава: Етичко одобрување за спроведување на истражување (English: Ethical Clearance Letter). Документот се издава на англиски јазик и се доставува електронски до подносителот на барањето.
5.Спроведување на истражувањето
Истражувањето треба да се реализира согласно:
- одобрениот протокол
- етичките принципи
- важечките законски регулативи
- насоките на Комисијата
Секоја значајна измена на истражувачкиот протокол потребно е повторно да биде доставена до Комисијата за разгледување.
Комисијата настојува да одговори на доставените барања во рок од 7 работни дена.
Правна и етичка рамка
Комисијата е основана согласно:
- Законот за научноистражувачка дејност – линк
Комисијата работи согласно Правилникот за работа на Комисијата- линк и
- меѓународните етички принципи за истражувања со испитаници (Committee on Publication Ethics – COPE и WMA Declaration of Helsinki – Ethical Principles for Medical Research Involving Human Participants)
