УПИСИ НА IKNOW ПРВ ЦИКЛУС 2020



Почитувани идни студенти на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје,

Oвозможено e електронското аплицирање за прв циклус на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

За да се регистрирате, кликнете на овој линк: https://upisi.ukim.mk. Потоа кликнете на копчето „Регистрирај се“ и следете ги чекорите.

Ве молиме имајте на ум дека регистрацијата е задолжителна!

Откога ќе ја завршите вашата регистрација, потребно е сите документи да ги испратите скенирани на оваа меил адреса: upisi-ffosz@ukim.edu.mk. Како наслов на пораката задолжително напишете го бројот на пријавата која ви го доделува iKnow при процесот на регистрација на Факултетот.

Ве молиме користете валидна меил адреса и запамтете ја вашата лозинка при регистрирање – ќе ви треба и понатаму! Редовно проверувајте го меилот со кој се регистриравте за дополнителни информации!

Овие се документите кои се потребни да се испратат на меилот: upisi-ffosz@ukim.edu.mk

Истите можете да ги видите и во конкурсот за упис (на копчето подолу) од УКИМ.

  • 1. пријава за запишување(образец А1)
  • 2. електронска пријава(од iKnow-системот)
  • 3. оригинални свидетелства од сите класови
  • 4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • 5. извод од матичната книга на родените
  • 6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  • 7. потврда за уплатa:
    – Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161; Конто 722313 00)
    – 300 денари на жиро-сметката на факултетот