- Мар 24, 2023
- ФФОСЗ
- 0
Започна пролетниот дел од Универзитетските спортски натпревари на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, за натпреварувачката 2022/2023 година.
На натпреварите во мал фудбал беа постигнати следните резултати:
ПРАВЕН – ПМФ 1:3
ЗЕМЈОДЕЛСКИ – ФАРМАЦИЈА 3:7
По одиграните натпревари во кошарка, беа постигнати следните резултати :
Правен – Машински 0:20
Економски – Ветерина 20:0
Економски жени – ФИНКИ жени 20:0
ФЕИТ – Стоматолошки 49:61
По одиграните наптревари во ракомет, беа постигнати следните резултати :
ФФОСЗ жени – ФИНКИ жени 10:0
ФЕИТ мажи – ФФОСЗ мажи 10:25
Машински мажи – ФИНКИ мажи 32:27
Со натпреварите во одбојка ја завршивме натпреварувачката недела и ги имаме конечните резултати и во оваа категорија :
Економски мажи – ФФОСЗ мажи 0:2
Фармација мажи – ФЕИТ мажи 2:0
Студентите натпреварувачи одиграа фер и коректни натпревари кои беа интересни за присутните гледачи. Сите натпревари се одиграа во салата “Млади херои” која е во склоп на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје. Во продолжение може да ги проследите и фотографите од оваа натпреварувачка недела.
Натпреварите продолжуваат и идната седмица, во понеделник на ден 27.03.2023 со натпреварите во мал фудбал.