- Фев 25, 2021
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани студенти,
Ве молиме најдоцна до 01.03.2021 пополнете ја анкетата за избор на изборни предмети во учебната 2020/2021 година за сите студенти на прв циклус на студии.
Доколку еднаш сте го запишале предметот во претходниот семестар, не го избирајте повторно бидејќи предметот не може два пати да се запише во текот на студирањето.
По завршувањето на анкетата, ќе бидат објавени на веб страната 3 предмети кои ќе треба да ги запишете во соодветниот семестар.
За да ја отворите анкетата за насока ФЗО (четиригодишни студии) кликнете на копчето:
За да ја отворите анкетата за насока СПОРТ (тригодишни студии) кликнете на линкот:
Кратко упатство за пополнување има во самата анкета. За крај, кликнете на копчето ИСПРАТИ.
Студентите кои се запишани на четиригодишни студии потребно е да ја пополнат само анкетата за насока ФЗО (види на линкот погоре). Нема потреба да се пополнува анкетата за тригодишни студии (насока СПОРТ).
Доколку сте запишани на тригодишни студии, пополнете ја само анкетата за насока СПОРТ (види на линкот погоре).
За сите прашања, обратете се на: admin@ffosz.ukim.edu.mk
Ви посакуваме успешно учење во новиот семестар на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.