УКИМ ВЕЖБА



Студентите на УКИМ, познавајќи ја вредноста и ефектите од примената на физичките вежби, масовно ја посетуваат наставата по предметот Спорт и здравје. Наставата се одржува во спортските објекти на факултетот, како и на неколку атрактивни спортски локации и терени како кејот на Вардар, Водно, Градски парк и парк-шума Гази Баба. Воведени се нови наставни планови и програми по предметот Спорт и здравје, според афинитетите на студентите. Високата свест, грижата за здравјето и здравите навики препознаени од студентите кои уживаат на наставните часови. 

Наставата ја одржуваат :

Доц.д-р Славица Новачевска

Доц.д-р Бранко Крстевски

Доц.д-р Јана Каршаковска Димитриоска

Доц.д-р Ристо Стаменов