СООПШТЕНИЕ ЗА ДОКТОРСКИ СТУДИИ 2021/2022



СООПШТЕНИЕ за начинот на пријавување и запишување на кандидатите на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје во академската 2021/2022 година

  1. Кандидатите се пријавуваат електронски, со испраќање на електронска порака (e-mail) истовремено на две електронски адреси:
  • електронска адреса на Универзитетската школа за докторски студии: skola_za_ds@ukim.edu.mk
  • електронска адреса на факултетот/институтот каде што припаѓа студиската програма: iii-ffosz@ukim.edu.mk
  • Во предмет (subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат факултетот/институтот – организатор на студиската програма за која поднесуваат документи и код според кој ќе бидат објавени ранг-листите на кандидатите.

Секој кандидат сам го генерира својот код, на следниов начин:

код на факултетот/институтот + првите 7 бројки од единствениот матичен број на кандидатот.

Пример:

Доколку студентот се пријавува и доставува документи за студиската програма од Медицински факултет, се става кодот од втората колона на табелата погоре + првите седум бројки од ЕМБ 2612963450029 на кандидатот.

Subject:   Mедицински факултет MED2612963

  1. Како текст на електронската порака да се напише:
  • име и презиме;
  • студиска програма на која конкурира кандидатот;
  • факултет/институт – организатор на студиската програма.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската порака е примена.

  1. Кандидатот кој се пријавува на Конкурсот, во прилог на приjавата, на двете електронски адреси, треба да ги прикачи (во Attach File) скенирани следниве документи (во PDF-формат):
  • пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира (O1-ПКПријавен лист за конкурирање);
  • писмо за мотивација со назначување на областа на истражување;
  • првична согласност на ментор од листата на ментори (O2-ПСМПрвична согласност на ментор);
  • кратка биографија;
  • уверение за положени испити од прв циклус студии, односно од додипломски студии;
  • уверение за положени испити од втор циклус студии, односно од постдипломски студии;
  • диплома од прв циклус студии, односно од додипломски студии;
  • диплома од втор циклус студии, односно од постдипломски студии;
  • сертификат / уверение за познавање на англиски јазик;
  • кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус студии – докторски студии, како и еквиваленција на оценките, доколку системот на оценување е различен од Република Северна Македонија.
  1. По завршувањето на Конкурсот, факултетот/институтот ја објавува прелиминарната листа на примени кандидати на докторски студии, за секоја студиска програма.

За кандидатите кои не ги исполнуваат условите и критериумите за запишување на докторски студии, се објавува посебна листа.

Листите се објавуваат на веб-страницата на единицата.  Објавата се врши така што личното име на кандидатите се означува со шифра/код која им е позната само на кандидатот и на советот на студиската програма.

Кандидатите имаат право на приговор.

Приговорот се поднесува во писмена форма до советот на студиската програма, односно до советот на заедничката студиска програма. Одлуката на советот на студиската програма, односно советот на заедничката студиска програма по приговорот е конечна.

По завршувањето на постапката по приговорите (доколку ги има), советот на студиската програма, односно советот на заедничката студиска програма ја доставува листата на примени кандидати до Универзитетскиот стручен совет за докторски студии.

  1. Универзитетскиот стручен совет за докторски студии ја утврдува конечната листа на примени кандидати за секоја студиска програма и ја објавува на веб-страницата на Универзитетот со код што го генерирал кандидатот во електронската порака.

Утврдената листа на примени кандидати е конечна.

  1. Запишувањето на студентите се врши на факултетот/институтот каде што припаѓа студиската програма, а согласно со конечната ранг-листа.

Студентите се запишуваат во Одделението за студентски прашања кај координаторот за трет циклус студии и ги доставуваат следниве документи:

  • индекс и пријавни листови;
  • две фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3);
  • конечна согласност од менторот (O3-КСМКонечна согласност од ментор);
  • пријава за избор на предмети од академска обука (O4-ПАОПријава за избор на предмети за академска обука);
  • договор за студирање (O5-ДС-Договор за студирање);
  • потврда за уплатена прва рата од школарината;
  • потврда за уплата од 250 евра во денарска противвредност за Универзитетската школа за докторски студии.

Студентите при запишувањето ги поднесуваат и оригиналните документи за пријавување што ги испратиле со електронска порака.

Датум: 11.9.2021 година

Универзитетска школа за докторски студии

На копчето подолу може да го преземете и прегледате упатството со насоки за упис на III циклус студии во учебната 2021/2022 година.