Молби за намалена партиципација за студенти од еднородителски семејства

  • Home
  • Македонски
  • Молби за намалена партиципација за студенти од еднородителски семејства


Согласно одлука на ректорска управа на УКИМ 20.09.2024, се повикуваат заинтересираните студенти од еднородителски семејства да се пријават на следниот интерен оглас.
Право на учество на има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии во учебната 2024/2025 година, а кој има само еден родител со родителско право (во натамошниот текст – апликант), односно има:
  • само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, или;
  • починат родител, или
  • родител кој го загубил родителското право.
Апликантите е потребно до архивата на факултетот да ги поднесат следниве документи:
  • за бруцошите: вкупен број на поени според кои, согласно Конкурсот, студентот се запишал во прва година на студии
  • за студентите од повисоките години: просечен успех од положените испити
 Апликантите ги доставуваат и следниве документи:
  1. потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата,
  2. за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи,
  3. за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија
  4. пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход
  5. за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд и/или
  6. за починат родител – извод од матичната книга на умрените.
Во прилог Одлуката и Интерниот оглас.