- Сеп 25, 2024
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани идни студенти,
Во прилог e конечната ранг листа за вториот уписен рок за учебната 2024/2025 година.
Примените кандидати се запишуваат на 26.09.2024 година. При запишувањето кандидатите поднесуваат :
- Индекс, студентска легитимација и пријавни листови (може да ги најдете во книжарата на факултетот).
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5×4,5 и една со димензии 2×3).
- Потврда за уплатени 750 денари со назнака ИКСА на УКИМ, ФФОСЗ (да се наведе факултетот – носител на студиската програма), на жиро сметката 100000000063095 депонент : НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18, приходна шифра 723012, програма 41. Овој надоместок го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи).
- Уплатница од 6,100 денари (државна квота) или 12,200 денари (приватна квота), зависно од квотата во која е примен студентот, на жиро сметката : 1600103093 788 18 и приходна шифра 723012, програма 41.
- Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.
Напомена, сите уплатници ги има готови во книжарата на факултетот.
Во прилог, може да ги преземете конечните резултати од првиот уписен рок за прв циклус на студии.
Ви посакуваме успех во студирањето.
Преземи конечна ранг листа од втор уписен рок