Конечна ранг листа и информации за упис за учебната 2023/2024 година

  • Home
  • Македонски
  • Конечна ранг листа и информации за упис за учебната 2023/2024 година


Почитувани идни студенти,

Во прилог e конечната ранг листа за првиот уписен рок за учебната 2023/2024 година.

Примените кандидати се запишуваат на 12.09 и 13.09.2023 година. При запишувањето кандидатите поднесуваат :

  1. Индекс, студентска легитимација и пријавни листови (може да ги најдете во книжарата на факултетот).
  2. Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5×4,5 и една со димензии 2×3).
  3. Потврда за уплатени 750 денари со назнака ИКСА на УКИМ, ФФОСЗ (да се наведе факултетот – носител на студиската програма), на жиро сметката 100000000063095 депонент : НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18, приходна шифра 723012, програма 41. Овој надоместок го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи).
  4. Уплатница од 6,100 денари (државна квота) или 12,200 денари (приватна квота), зависно од квотата во која е примен студентот, на жиро сметката : 1600103093 788 18 и приходна шифра 723012, програма 41.
  5. Уплатница од 100 денари за осигурување на жиро сметката : 1600103093 788 18, приходна шифра 723012, програма 41.
  6. Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.

Напомена, сите уплатници ги има готови во книжарата на факултетот.

ПРЕЗЕМИ ДОКУМЕНТ