Соопштенија

Презентација за учество во научен проект

Почитувани студенти, На 13.02.2024 (Вторник) со почеток од 10:30 часот на ФФОСЗ во амфитеатарот ќе се одржи презентација за учество во научен проект. Сите заинтересирани може да дојдат на презентацијата или доколку има дополнителни прашања може да се обратите на marko.stevanovski@outlook.com.

Резултати од испитот по предметот Медицина на спортот

Почитувани студенти, Во прилог се резултатите од предметот Медицина на Спортот. Дополнително ќе бидат објавени термините за зимање на оценки, увид и консултации. Колегите кои се за увид да го повторат целиот материјал за испит и да бидат подготвени за усно одговарање во терминот за увид. Колегите кои се за консултации задолжително да се појават во терминот за консултации. Преземи резултати

Теоретски дел од испитот по Атлетика

Почитувани студенти, Теоретскиот дел од испитот по Атлетика ќе се одржи на 12.02.2024 (Понеделник) во 13:00 часот во Амфитеатарот на ФФОСЗ. Право на полагање на испитот имаат сите колеги кои го полагале практичниот дел од испитот на 01.02.2024.

Распоред на предавања и вежби за летниот семестар 2023/2024

Почитувани студенти, Во продолжение може да го преземете распоредот на предавања и вежби за летниот семестар во студиската 2023/2024 година. Преземи распоред

Упис на летен семестар 2023/2024

Почитувани студенти, На iknow е овозможен електронски упис на летен семестар за прв циклус на студии. Сите студенти задолжително треба да го запишат семестарот на iknow и да ги внесат предметите. Во период од 15.02.2024 до 29.02.2024 треба да се запишете во студентската служба на факултетот, со носење на потребните документи кои може да ги земете во

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТОТ ПО ПРЕДМЕТОТ КОШАРКА, МИНИ-КОШАРКА И БАСКЕТ 3 НА 3

СПИСОК НА СТУДЕНТИ КОИ ГО ПОЛОЖИЛЕ ИСПИТОТ ПО ПРЕДМЕТОТ КОШАРКА, МИНИ-КОШАРКА И БАСКЕТ 3 НА 3, ОДРЖАН НА ДЕН 5.2.2023 ГОДИНА. 3114 6626 6637 7090 7021 6007 6729 6811 7041 6572 6758 6566 7338 6643 СТУДЕНТИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ГИ ДОСТАВАТ ИНДЕКСИТЕ НА ДЕН 12.2.2023 ГОДИНА ВО 11 ЧАСОТ ЗА ВПИШУВАЊЕ НА ОЦЕНИТЕ. ПРЕДМЕТЕН НАСТАВНИК

Субвенциониран студентски оброк

Почитувани студенти, Поради почеток на нова година и ажурирање на податоците во системот, препорачуваме повторно да аплицирате за студентски оброк, кое се прави од 1ви до 7ми во месецот.  https://mon.gov.mk/content/?id=4174

Резултати по предметот кинезиолошка антропологија

Положени студенти од испитот по предметот кинезиолошка антропологија, одржан на 01.02.2024 се : 7074-6 7103-6 7045-6 7041-7 7071-7 7126-7 7078-6 7047-6 7046-6 7069-6 7088-6 ( да го пријави во IKNOW) 6606-6 ( да го пријави во IKNOW) 7052-6   Проф.М.Џ-Старделова

Промена на термин за испитот одбојка на песок

Почитувани студенти, Испитот одбојка на песок на 06.02.2024, ќе се одржи во 10:00 часот.

Втор уписен рок за втор циклус на студии

Почитувани идни студенти на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Потсетување до заинтересираните студенти дека е отворен вториот уписен рок за втор циклус. Задолжително е електронското пријавување кое трае до 17.02.2024 каде што треба да се избере апликација за втор циклус на студии на https://upisi.ukim.mk . Во продолжение е и линкот до конкурсот https://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=187&glavno=40