Почитувани студенти, Во продолжение може да ги симнете списоците на студенти кои запишале зимски семестар за учебната 2023/2024 и со тоа се стекнуваат со право на гласање на претстојните студентски избори, согласно одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетско студентско собрание. Прв циклус студенти Втор циклус студенти Трет циклус студенти
Почитувани студенти, Во прилог може да ја преземете одлуката со која се распишуваат избори за претседател и членови на Факултетско студентско собрание. Преземи одлука
Почитувани студенти, Согласно препораките на Владата на РМ, и одлука на деканатот на факултетот, среда и четврток (29.11 и 30.11) ќе бидат неработни денови и нема да се одржува настава.
Почитувани студенти, Ова се изборните предмети за зимскиот семестар во учебната 2023/24 година. ПРВ СЕМЕСТАР ИЗБОРЕН – СПОРТСКА ИСХРАНА Проф. д-р Даниела Ш. Стојмановска 2. ИЗБОРЕН – МАЛ ФУДБАЛ Проф. д-р Небојша Марковски ТРЕТ СЕМЕСТАР ИЗБОРЕН – ОДБОЈКА НА ПЕСОК Проф. д-р Андријана Мисовски ИЗБОРЕН – МЕНАЏМЕНТ ВО ОБРАЗ. И СПОРТОТ Проф. д-р
Почитувани студенти, Семинарот по предметот Теорија и Методика на спортската рекреација ќе се одржи на 26.11.2023 (недела) од 15:00 до 18:00 часот.
Почитувани студенти, Терминот за семинар за предметите Рекреација и здравје и Аеробик и пилатес ќе биде во договор со професорот Горан Никовски. Термините во распоредот не треба да се земат во предвид бидејќи со професорот ќе бидат договорени други термини за семинарите.
Информација за прва година : Семинарот по предметот Функционална Анатомија ќе се одржи на 18.11.2023 (Сабота) во 10:00 часот на Институтот за анатомија. Професорката ќе ве чека пред Институтот за јавно здравје на Република Македонија – https://maps.app.goo.gl/D9XLwsKf45ei1MfQ7.Информација за трета година :Психологија во физичкото и здравственото образование и спортот ќе се одржи на 18.11 (Сабота во
Почитувани, Во прилог е распоредот со измени во некои од термините. Во продолжение може да ја преземете новата верзија од распоредот. Преземи распоред.
Почитувани, би Ве замолила да настанот го споделете на вашата веб страна на факултет за да го се информираат што повеќе студенти/професори за истиот. Се работи за настанот “Спортско право” нова научна дисциплина во правниот систем. Со големо задоволство ЕЛСА -Северна Македонија Ве информира за првиот настан за оваа академска година. Темата на настанот е
Проф. д-р Илија Клинчаров беше поканет како главен предавач на Меѓународната конференција на Светската алијанса за физичко образование (WPEA), која се одржа на „East China Normal University“ во Шангај, Кина од 1-ви до 3-ти ноември 2023 година. Имаше 7 главни предавачи и 13 поканети предавачи од Велика Британија, САД, Австралија, Египет, Турција, Република Северна Македонија,
