СООПШТЕНИЕ ДО ЕДИНИЦИТЕ НА УКИМ И ЈАВНОСТА



Во врска со препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, како и врз основа на препораките на Владата на Република Северна Македонија и другите овластени органи во државата, за заштита на населението од  вирусот Ковид-19 и за превенција од ширење на вирусот, Централната стручна и административна служба – Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје воведува нов времен режим на работа со странки.
Ги замолуваме сите единици во состав на УКИМ, како и сите граѓани кои имаат потреба од контакт со Ректоратот на УКИМ да не контактираат на:
ТЕЛЕФОН:  02 3293 293
Е-ПОШТА:  ukim@ukim.gov.mk
ИНТЕРНЕТ: http://ukim.edu.mk
Сите хартиени барања и документи да се доставуваат електронски на адресите на раководителите на одделенијата:
– на следниот линк, во менито Органи и тела на УКИМ, во подменито Стручна служба се дадени електронските адреси на сите раководители на одделенијата.
Средбите и состаноците ќе се одржуваат телефонски.
Ви благодариме на разбирањето, заедно да придонесеме во зачувување на јавното здравје!
Веста е преземена од веб страната на ukim.edu.mk.