Важно соопштение за упис на летен семестар 2025/26



Почитувани студенти,

Ве известуваме дека на системот iknow е овозможен електронски упис на летниот семестар за академската 2025/26 година.

Сите студенти се должни задолжително да го запишат семестарот во системот iknow. Уплатниците и заверката во студентската служба се вршат исклучиво со претходно внесен семестар во iknow.

Запишувањето во студентската служба ќе се одвива во следните термини (по истекот на наведените рокови ќе се наплаќа казна за задоцнет упис на семестар) :

Прва година –  од 11.02.2026 до 16.02.2026

Втора година – од 17.02.2026 до 20.02.2026

Трета и четврта – од 25.02.2026 до 03.03.2026

Дополнително, студентите се должни да извршат уплата во износ од 2.600 денари за книжен фонд за летен и зимски семестар (1.300 денари по семестар) за учебната 2025/26 година. Учебниците се подигнуваат со приложување на индекс во книжарата на факултетот.

Доколку на системот iknow недостасуваат оценки за предмети кои се положени и евидентирани во индексот, студентите се должни навремено да го регулираат статусот на предметите, со цел да се избегне нивно автоматско презапишување и означување како неположени.

Во продолжение е достапно видео со објаснување на постапките за ресетирање на заборавена лозинка, упис на семестар и упис на предмети.

Видео упатство за најава и заборавена лозинка на iknow

Видео упатство за запишување на семестар