Свечено доделување дипломи за учебната 2023/2024 година



Денес, на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, се одржа свеченото доделување на дипломи за дипломираните студенти од прв и втор циклус на студии за учебната 2023/2024 година.

На настанот присуствуваа дипломираните студенти, нивните семејства, наставниот кадар и пријатели на факултетот. Со пригодна свечена програма, обраќања и честитки од раководството и професорите, беа доделени дипломите на нашите успешни студенти, кои со својата посветеност и труд ја заокружија оваа важна фаза од своето образование.

” За сите оние кои го завршија првиот или вториот циклус на студии, вратите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје остануваат отворени. Ве охрабруваме да го продолжите вашето академско патување преку упис на втор или трет циклус на студии, каде што ве очекуваат нови знаења, предизвици и можности за напредок. ” – изјави деканот на Факултетот, Проф. Д-р Влатко Неделковски.

Им честитаме на сите дипломирани студенти и им посакуваме многу успех на нивниот понатамошен професионален и личен пат!

Во продолжение погледнете дел од атмосферата преку нашата фото галерија: