- Јун 01, 2021
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани идни студенти на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје,
На 1-ви Јуни 2021 беше одржан Отворен ден на ФФОСЗ – за сите заинтересирани студенти на факултетот – преку онлајн платформата Zoom.
На видеото погоре, може да дознаете повеќе информации за организацијата и функционирањето на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, како и корисни информации за престојните уписи:
- Студиски програми кои се актуелни
- Краток преглед на предметите во студиските програми
- Како да аплицирате за упис на факултетот
- Рокови за упис
- и други интересни информации
Дополнително, за да ги видите објавените конкурси, следете го овој линк од соопштенијата на оваа веб страна: https://ffosz.ukim.edu.mk/konkurs-za-upis-2021-2022-za-i-ii-i-iii-ciklus-studii/
Ви благодариме за интересот за упис на нашиот факултет и ви посакуваме среќни престојни уписи за 2021/2022 година!