2024 октомври 15

Термини за запишување на втор циклус на студии

Почитувани, Запишувањето на втор циклус на студии за оние кандидати кои се пријавија на првиот уписен рок за учебната 2024/25 година е на 18.10.2024 и 21.10.2024. При запишувањето, примените кандидати поднесуваат: – индекс и пријавни листови – две фотографии (3,5х4,5) На линкот може да го погледнете целосниот конкурс за втор циклус на студии.  

ПРОДОЛЖЕНА ИСПИТНА СЕСИЈА (ОКТОМВРИСКА) – 2024 ГОДИНА

Почитувани студенти, Овозможено е пријавувањето на испити на Iknow системот за продолжената (казнена) октомвриска испитна сесија. Задолжително треба да ги пријавите оние предмети кои ќе ги полагате до 20.10.2024 година. Доколку не ги пријавите нема да имате право да го полагате испитот. Дополнително на секој испит се носи пријава со соодветна уплатница од 1000 денари.