2024 јануари

Известување за промена на терминот за скијање

Почитувани студенти, Заради неповолни услови за скијање во Маврово, терминот за скијање за втора година трет семестар по новата програма и за скијање 1 и 2 по стара програма, ќе биде од 25.02.2024. Останатото останува непроменето, се престојува во Хотел Смрча – Маврово.  Агенцијата е ЈК Травел која се наоѓа во Центар на рекорд спроти

Термини за испитот по Атлетика и Атлетски Повеќебој

Почитувани студенти, Терминот за испитот по атлетика е на 01.02.2024 во 11:00 часот на Градски стадион. Терминот за испитот по атлетски повеќебој е на 01.02.2024 во 12:30 часот на ФФОСЗ.

Промена на термин за испитот по Акробатика

Почитувани студенти, Терминот по испитот Акробатика се преместува на 01.02.2024 (Четврток) во 10:00 часот. Колегите кои ќе одат на скијање дополнително ќе бидат известени кога ќе полагаат. За дополнителни информации може да се обратите кај Слободан Панајотов, координатор на студентите од трета година или кај одговорниот професор.

Втор термин за Скијање

Почитувани студенти, Терминот за скијање за втора година трет семестар по новата програма, е од 01.02.2024 – 10.02.2024, 9 ноќевања во Хотел Смрча – Маврово.  Агенцијата е ЈК Травел која се наоѓа во Центар на рекорд спроти Центар Бар (поранешно Mc Donald’s).

Испит по кик бокс и боречки спортови 1

Почитувани студенти, Има измена во терминот за полагање на кик бокс и боречки спортови 1. Новиот термин е на 31.01.2024 во 11:00 часот.

Испит по генетска кинезиологија

Почитувани студенти, Испитот по генетска кинезиологија ќе се полага на 01.02.2024 година со почеток во 10:00 часот.

Втор уписен рок за втор циклус на студии

Почитувани идни студенти на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Потсетување до заинтересираните студенти дека е отворен вториот уписен рок за втор циклус. Задолжително е електронското пријавување кое трае до 17.02.2024 каде што треба да се избере апликација за втор циклус на студии на https://upisi.ukim.mk . Во продолжение е и линкот до конкурсот https://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=187&glavno=40

ТЕРМИНИ ЗА ЈАНУАРСКА ИСПИТНА СЕСИЈА ЗА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ – КИНЕЗИОЛОГИЈА

Почитувани студенти, Во прилог може да го преземете распоредот за јануарската испитна сесија за втор циклус на студии. Преземи распоред.