- Сеп 26, 2024
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани студенти,
На iknow е овозможен електронски упис на зимски семестар 2024/25.
Сите студенти задолжително треба да го запишат семестарот во iknow, а уплатниците и заверка во индекс се прави со веќе внесен семестар на iknow.
Прва и втора година – од 02.10 до 07.10.2024 год.
Трета, четврта и останати години – од 08.10 до 15.10.2024 год.
Во дадените термини треба да се запишете во студентската служба на факултетот. (по овој период има казна за задоцнето запишување на семестар).
Доколку ви фалат оценки во iknow а ги имате положено и имате оценка во индекс, треба да го регулирате статусот на предметите за да не ви ги презапишува автоматски системот и да ви ги означува како неположени предмети.
Изборните предмети од оваа година ќе ги избирате сами, но треба внимателно да се изберат по дадената програма. Па така, пример, по програмата во која сте запишани ( ФЗО 2022 ), во прв семестар имате 3 изборни предмети кои треба да ги изберете од изборната листа на изборни предмети од факултетот. (наставните програми може да ги најдете во делот За студенти -> Наставни планови -> Прв циклус – https://ffosz.ukim.edu.mk/nastaven-plan-prv-cziklus-studii/ )
Изборните предмети за оние студенти кои се по новата програма (запишани од 2021 до 2024) треба да се запишат после 01.10.2024 бидејќи се во процес на изработка.
Во продолжение имате видео на кое се објаснети чекорите за заборавена лозинка, запишување на семестар и запишување на предмети.
Видео упатство за најава и заборавена лозинка на iknow
Видео упатство за запишување на семестар