- Јан 22, 2025
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани студенти,
На iknow е овозможен електронски упис на летен семестар 2024/25.
Сите студенти задолжително треба да го запишат семестарот во iknow, а уплатниците и заверка во индекс се прави со веќе внесен семестар на iknow.
Во дадените термини треба да се запишете во студентската служба на факултетот. (по овој период има казна за задоцнето запишување на семестар) :
Трета година – 17.02 и 18.02.2025
Втора година – од 19.02 до 21.02.2025
Прва година – од 23.02 до 26.05.2025
Четврта година и заостанати семестри – 27.02 и 28.02.2025 година
Доколку ви фалат оценки во iknow а ги имате положено и имате оценка во индекс, треба да го регулирате статусот на предметите за да не ви ги презапишува автоматски системот и да ви ги означува како неположени предмети.
Во продолжение имате видео на кое се објаснети чекорите за заборавена лозинка, запишување на семестар и запишување на предмети.
Видео упатство за најава и заборавена лозинка на iknow
Видео упатство за запишување на семестар