- Апр 14, 2026
- ФФОСЗ
- 0
Се известуваат сите студенти кои ќе дипломираат на прв, втор и трет циклус на студии сметано од месец април 2026 година дека се воведува задолжително пополнување на електронски образец ВОИ.50, ВОИ.70 и ВОИ.80 подготвени од Државниот завод за статистика во соработка со Министерството за дигитална трансформација.
Најпрво, направете Регистрација на порталот односно креирајте профил на ниско ниво на Националниот портал www.uslugi.mk (доколку сè уште немате).
Пополнете го електронскиот образец ВОИ.50 за прв циклус, ВОИ.80 за втор циклус или ВОИ.70 за трет циклус на студии. По успешното пополнување, системот автоматски генерира потврда. Испечатете ја генерираната потврда — таа е задолжителен документ при поднесување на дипломскиот труд.
Студентите странски државјани наместо образецот пополнуваат Excel-темплејт кој може да го преземете во продолжение, а пополнетиот образец го испраќате на admin@ffosz.ukim.edu.mk :
