- Фев 08, 2024
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани студенти,
На iknow е овозможен електронски упис на летен семестар за прв циклус на студии. Сите студенти задолжително треба да го запишат семестарот на iknow и да ги внесат предметите.
Во период од 15.02.2024 до 29.02.2024 треба да се запишете во студентската служба на факултетот, со носење на потребните документи кои може да ги земете во книжарата на факултетот. (по овој период има казна за задоцнето запишување на семестар).
Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ви посакува среќно студирање во новиот летен семестар во учебната 2023/2024 година.