- Јул 13, 2021
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани идни студенти и кандидати на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје,
За да се регистрирате, кликнете на овој линк: https://upisi.ukim.mk. Потоа кликнете на копчето „Регистрирај се“ и следете ги чекорите.
Ве молиме имајте на ум дека регистрацијата е задолжителна!
Вашите документи за упис, задолжително испратете ги и на upisi-ffosz@ukim.edu.mk. Како наслов на меилот ставете број на пријава.
Испраќањето на документите по меил е задолжително!!!
Доколку сте аплицирале електронски, но сеуште не сте ги пратиле документите на горенаведениот меил, ве молиме во најскор рок да ги испратите документите бидејќи вашата апликација нема да може законски да биде разгледана доколку документите не се испратени на меил на upisi-ffosz@ukim.edu.mk.
Доколку имате потешкотии или потреба од дополнително објаснување, кликнете на линкот подолу да го преземете деталното упатство за упис на iKnow за нови кандидати.
ПРЕЗЕМИ ДЕТАЛНО УПАТСТВО ЗА УПИС
Ве молиме носете заштитна опрема: маска, ракавици и одржувајте дистанца од 2м при влез во факултетот.
Овие се документите кои се потребни да се испратат на меил адресата: upisi-ffosz@ukim.edu.mk
Истите можете да ги видите и во конкурсот за упис од УКИМ (кликнете на копчето подолу).
- 1. пријава за запишување(образец А1)
- 2. електронска пријава(од iKnow-системот)
- 3. оригинални свидетелства од сите класови
- 4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- 5. извод од матичната книга на родените
- 6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- 7. потврда за уплатa:
– Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161; Конто 722313 00)
– 300 денари на жиро-сметката на факултетот