- Сеп 28, 2026
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани бруцоши,
На 1 октомври во 12:30 часот ќе се одржи ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС за сите новозапишани студенти на ФФОСЗ.
Ова е првата официјална средба со факултетот на кој ќе го градите своето знаење, професионално искуство и иднина во областа на физичкото образование, спортот и здравјето.
❗ Присуството на сите запишани студенти – бруцоши е задолжително.
👉Во рамки на Првиот академски час:
📘 ќе ви бидат доделени студентските индекси;
💻 ќе се одржи презентација и кратка обука за iKnow системот, кој ќе биде еден од основните дигитални алатки што ќе ги користите во текот на вашето студирање;
🎓 ќе ги добиете првите важни информации поврзани со студентските обврски и функционирањето на факултетот.
Ова не е само почеток на уште една учебна година.
Ова е почеток на вашето академско патување. Почеток на нови предизвици, нови пријателства, знаење, успех и идни професионални победи.
Дополнително, Ве покануваме да присуствувате и на свечениот Прв академски час на УКИМ , со кој Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе го одбележи започнувањето на новата академска година и ќе ѝ посака добредојде на новата генерација студенти. Свечениот настан ќе се одржи на 1 октомври 2026 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, на платото кај споменикот на светите Кирил и Методиј.
💙 Добредојдовте во големото семејство на ФФОСЗ!

