Прв академски час и доделување на индекси на новите студенти

  • Home
  • Македонски
  • Прв академски час и доделување на индекси на новите студенти


Почитувани бруцоши,

Првиот академски час ќе се одржи на 01.10.2024 година (вторник), во периодот од 10:00 до 12:00 часот, на платото во комплесот на општествените науки – пред споменикот на Светите Кирил и Методиј.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Универзитетското студентско собрание на УКИМ годинава организира заедничка свеченост, каде што на почетокот на новата академска 2024-2025 година на едно место ќе ги собере сите бруцоши од сите факултети на нашиот Универзитет, како и раководствата и наставно-научниот и соработничкиот кадар на своите единици.

По завршувањето на настанот, во 13:30 часот, ги пречекуваме сите бруцоши во амфитеатарот на нашиот факултет ФФОСЗ, каде што ќе ги подигнете индексите и ќе има кратка презентација и водич за студирање и функционирање на iknow системот.

Ви посакуваме среќен почеток на учебната година.