Пријавување на испити во јунска испитна сесија



Почитувани студенти,

Активно е електронското пријавување на испити во iKnow за студентите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Пријавувањето е овозможено од 21.05.2024 до 09.06.2024 и е задолжително за сите студенти.

Ве молиме пријавете ги сите испити кои ќе ви се појават во iKnow.

Доколку испитот не е пријавен електронски во предвидениот рок, студентот е должен да уплати 500 денари на жиро сметката на факултетот и истиот ќе му биде пријавен во службата за студентски прашања.

Упатство за пријавување може да видите на следниот линк :

УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ