- Фев 10, 2025
- ФФОСЗ
- 0
Започна практичната настава по скијање во Маврово!
Студентите од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ја започнаа практичната настава по предметот скијање, каде што ќе имаат можност да ги усовршат своите техники, да ја подобрат физичката подготвеност и да стекнат практично искуство на снег.
Оваа настава не е само предизвик, туку и одлична можност за развивање на спортски вештини, тимска работа и љубов кон зимските спортови. Под водство на професорите од факултетот, студентите ќе поминат низ различни тренажни процеси, со фокус на техника, безбедност и спортски дух.
Им посакуваме успешно и продуктивно искуство на снег!