- Дек 07, 2021
- ФФОСЗ
- 0
Деновиве имавме исклучителна чест да бидеме посетени од проф. Д-р Бранислав Антала долгогодишниот претседател на организацијата ФИЕП Европа и актуален заменик претседател на најстарата организација по физичко образование во Светот (ФИЕП), која во 2023 година ќе одбележува 100 годишнина од своето постоење.
ФИЕП (Интернационалната федерацијата за физичко образование) е оформена 1923 година во Бразил и секоја година низ целиот свет ги обединува и координира заложбите за поквалитетно физичко образование. Македонија е долгогодишна членка на ФИЕП фамилијата и преку нашите национални делегати проф. Д-р Илија Клинчаров и проф. Д-р Билјана Попеска, редовно и многу успешно се презентира во меѓународни рамки на Светските и Европските ФИЕП Конгреси.
По нивна иницијатива, професорот Антала го посети нашиот Факултет и оствари плодна и многу продуктивна средба со Деканката проф. Д-р Ленче Алексовска Величковска, на која средба беше особено истакнат огромниот успех на нашиот Факултет како иницијатор за имплементација на тандем наставата по физичко образование во одделенската настава. На средбата присуствуваа и Продеканите проф. Д-р Андријана Зафировска и проф. Д-р Борче Даскаловски.
Професор Антала се заложи да го промовира концептот на тандем наставата по физичко образование во одделенската настава во Европски и Светски рамки, како една многу успешна програма кој првпат во Европа и пошироко е имплементирана на државно ниво токму во Македонија, за што сме многу горди како Институција.