- Дек 12, 2022
- ФФОСЗ
- 0
На ден 01.01.2022 година, започнаа Универзитетските спортски натпревари на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, за натпреварувачката 2022/2023 година.
Спортот обединува носи заедништво и толеранција, неверојатна социјализација, развивање на менталното и физичкото здравје, рушење на предрасуди и стереотипи. Самите спортски натпреварите ќе овозможат запознавање на студентите од различни факултети, нивно дружење, и тет а тет комуникација која е посебно важна во овој постпандемиски период, а вооедно натпреварите ќе придонесат и кон создавање и јакнење на натпреварувачки дух кај нив, градејќи ги олимписките вредности за создавање на здрави млади личности – студенти.
После короната треба да продолжиме уште посилни и поодговорни за сите предизвици. Повикуваме активно сите заедно да изградиме цврст систем на Универзитетскиот спорт. Преку него ќе ја подобриме и севкупната комуникација помеѓу сите директни и индиректни актери. Ќе ги поттикнеме младите да развиваат општествени вредности, ќе ја зголемиме мотивацијата и чувството на самопочит и респект кон другиот.
Благодарение на големата поддршка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Ректорот, Ректорската Управа, Деканите, Менаџментот на УКИМ и Студентското собрание, во техничка организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Универзитетскиот спортски сојуз на УКИМ повторно по пауза предизвикана од светската пандемија со САРС КОВ19, продолжуваат традиционалните Универзитетски спортски натпревари на УКИМ.
На нив се очекува да настапат повеќе од 2000 студенти од факултетите членки на УКИМ.
Како и во изминатите години, така и оваа Академска и Натпреварувачка 2022/2023 година, студентите и студентките спортисти ќе се натпреваруваат во екипна и поединечна конкуренција.
Во екипните спортови се организирани Универзитетски спортски лиги на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и тоа:
Универзитетска лига на УКИМ во Мал фудбал- студенти
Универзитетска лига на УКИМ во Кошарка- студенти
Универзитетска лига на УКИМ во Кошарка – студентки
Универзитетска лига на УКИМ во Ракомет- студенти
Универзитетска лига на УКИМ во Ракомет- студентки
Универзитетска лига на УКИМ во Одбојка- студенти
Универзитетска лига на УКИМ во Одбојка- студентки
Во поединечните спортови ќе се организираат Универзитетски спортски првенства на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и тоа:
Универзитетско спортско првенство на УКИМ во поединечна конкуренција во Стрелаштво со воздушна пушка за студенти.
Универзитетско спортско првенство на УКИМ во поединечна конкуренција во Стрелаштво со воздушна пушка за студентки.
Универзитетско спортско првенство на УКИМ во поединечна конкуренција во Пинг-понг за студенти.
Универзитетско спортско првенство на УКИМ во поединечна конкуренција во Пинг-понг за студентки.
Универзитетско спортско првенство на УКИМ во поединечна конкуренција во Шах за студенти.
Универзитетско спортско првенство на УКИМ во поединечна конкуренција во Шах за студентки.
Универзитетско спортско првенство на УКИМ во поединечна конкуренција во Куглање за студенти.
Универзитетско спортско првенство на УКИМ во поединечна конкуренција во Куглање за студентки.
Универзитетско спортско првенство на УКИМ во поединечна конкуренција во Тенис за студенти.
Универзитетско спортско првенство на УКИМ во поединечна конкуренција во Тенис за студентки.
Вратите на спортската салата “Македонски херои” која се наоѓа во кампусот на ФФОСЗ, ќе бидат отворени за сите вљубеници во спортот.
Им посакуваме успех и дружење на сите учесници, и во фер и коректна борба нека победи подобриот.
Изминатава недела беа постигнати следните резултати:
Понеделник 05.12.2022 година-Мал фудбал мажи
ФФОСЗ-ФИНКИ 3:1
ПРАВЕН-ТМФ 5:0
ВЕТЕРИНА-АРХИТЕКТУРА- Натпреварот е одложен за Понеделник, 19.12.2022година во 15.00 часот.
Вторник, 06.12.2022 година-Кошарка мажи
ЕКОНОМСКИ-МАШИНСКИ 41:39
ФЕИТ-ЗЕМЈОДЕЛСКИ 20:0
Среда,07.12.2022 година-Ракомет мажи
Правен – ФИНКИ 0:10
Медицински-ФЕИТ 18:18.
Натпреварите продолжуваат во Понеделник,на 12.12.2022 година со натпреварите во Мал фудбал.