- Јун 04, 2026
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани,
Собранието на Република Северна Македонија, во рамките на иницијативата „Отворено Собрание – Поблиску до Младите”, го организира Карaванот на Собранието: Отворено за идеите на младите!
Во рамките на оваа иницијатива, настанот ќе се одржи на:
📅 Датум: 05 јуни 2025 година
🕚 Почеток: 11:00 часот
📍 Место: Аула на Правниот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје
Карaванот на Собранието претставува уникатна можност за студентите и младите граѓани да се запознаат со работата на парламентот, да ги изразат своите идеи и да учествуваат во отворен дијалог со претставниците на законодавната власт.
Настанот е организиран и поддржан од Собранието на Република Северна Македонија, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Националниот демократски институт (NDI), IDSCS и Центарот за управување со промени.
