- Авг 18, 2026
- ФФОСЗ
- 0
Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува Отворен повик за доделување стипендии за академската 2026/2027 година.
На повикот можат да се пријават редовни студенти запишани на прв циклус студии на факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои:
- постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование;
- имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој;
- имаат потреба од финансиска поддршка за продолжување на своето образование.
Фондацијата „Атанас Близнакоф“ со оваа иницијатива има за цел да ги поддржи талентираните и мотивирани студенти во нивниот образовен и професионален развој.
Информации и пријавување
За повеќе информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање, студентите можат да го погледнат целосниот повик и да поднесат електронска апликација преку следниот линк:
Информации и електронско аплицирање
Целосниот Отворен повик: отвори го документот
Се охрабруваат сите студенти кои ги исполнуваат условите да се информираат навреме и да ја искористат можноста за аплицирање за стипендија.
Фондација „Атанас Близнакоф“
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

