Одбележување на денот на спортот со реализација на планинарска тура

  • Home
  • Македонски
  • Одбележување на денот на спортот со реализација на планинарска тура


Почитувани колеги,
Согласно, Резолуцијата на ОН од 2013 година 6-ти април е прогласен за меѓународен ден на спортот.

ФФОСЗ со активност на отворено ќе го одбележи денот на спортот со реализација на планинарска тура на ден 6. 4. 2021 (вторник) со почеток во 9:00 часот на планината Водно.

Планинарската тура ќе се реализира согласно Уредбата со законска сила за спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот КОВИД – 19 и заштита на населението за време на вонредна состојба и со почитување на следниот протокол:

1.     Пристигнување на појдовната точка најкасно до 8:45 часот.

2.     Задолжително носење на заштитни маски.

3.     Пред почетокот на турата ќе се мери температура на сите учесници.

4.     Задолжително одржување на физичко растојание од 2м.

5.     Користење на средства за дезинфекција на рацете.

Стартот на турата е предвиден во 9:00 часот на горниот паркинг на средно Водно. Турата ќе се одвива по обележаните планинарски патеки до крстот на врвот на планината Водно.

Иницијативата е студентите и професорите од ФФОСЗ преку својот пример за практикување на активности на отворено да ги мотивираат сите возрасни групи да создаваат здрави животни навики и подигнување на јавната свест за позитивните влијанија на физичката активност врз психофизичкото здравје и полесно совладување на различните животни предизвици.
Со почит.