- Ное 12, 2024
- ФФОСЗ
- 0
На 11 ноември, со свечена церемонија беше обележана 47-годишнината од основањето на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Настанот беше одржан во присуство на голем број гости, професори, студенти и соработници, кои заедно го прославија значајниот јубилеј на една од водечките образовни институции во областа на спортот и физичкото образование во Македонија.
На свеченоста се обратија деканот на Факултетот, проф. д-р Влатко Неделковски, кој истакна дека изминатите 47 години претставуваат период на континуиран развој, иновации и успеси, благодарение на посветеноста и трудот на наставниот и административниот кадар и студентите.
Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова, ја поздрави долгогодишната работа на факултетот, истакнувајќи го неговото значење за унапредување на спортот и физичката култура во државата.
Министерот за спорт на Република Македонија, Борко Ристовски, изрази чест и задоволство што има можност да присуствува на овој значаен јубилеј. Тој го пофали факултетот за неговата посветеност во образованието и унапредувањето на спортот, подвлекувајќи ја неговата важност како партнер на Министерството за спорт во креирањето на политики и програми за развој на спортот и физичката активност во земјата.
Свеченоста беше дополнета со доделување признанија и благодарници на заслужни професори и соработници, како и пријатно дружење кое ги обедини присутните во духот на заедништво и прослава на успешната работа на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
Следи фото галерија од настанот во прилог.