Настан – Спортско право нова научна дисциплина



Почитувани,
би Ве замолила да настанот го споделете на вашата веб страна на факултет за да го се информираат што повеќе студенти/професори за истиот. Се работи за настанот “Спортско право” нова научна дисциплина во правниот систем.
Со големо задоволство ЕЛСА -Северна Македонија Ве информира за првиот настан за оваа академска година.
  Темата на настанот е „Спортско право” – нова научна дисциплина во правниот систем“ која е од големо значење и е особено уникатна област. Ќе имате можност да се запознаете со начинот на функционирањето на спортските здруженија и клубови и од правен аспект,
колку државата интервенира со своите правни правила во уредувањето и остварувањето на спортските активности и односи. По тој повод, Ви овозможуваме да се стекнете со основни знаења на темата, кои ќе Ви ги дадат експерти од конкретната област:
   Проф.д-р Димитар Гелев
   Г-дин Наумче Мојсовски
   Настанот ќе се одржи во живо во просториите на Правниот факултет “Јустинијан Први” на ден 16.11.2023 година (четврток) во 18:00 часот.
✔️ За секој учесник следува сертификат.
➡️ Доколку сакате да сте во тек и да се запознаете со оваа доста интересна тема, тоа ќе можете да го направите преку пријавување на applications@mk.elsa.org, најдоцна до 15.11.2023 година до 23:59 h.
Котизацијата за учество е 200 денари за надворешни членови, а 100 денари за ЕЛСА членови.
Со почит,
Тања – Надзорен одбор на ЕЛСА