Конкурс за заменик студентски правобранител



Врз основа на член 31, став 3 од Законот за високото образование (“Сл. весник на РМ” бр. 82/2018) и член 41, став 3 од Статутот на Факултетско студентско собрание на “Факултет за физичко образование, спорт и здравје” во Скопје, Факултетско студентско собрание објавува:

 

К О Н К У Р С


–    
За избор на Заменик-студентски правобранител на “Факултет за физичко образование, спорт и здравје” во Скопје со мандат од две години, без можност за реизбор.

Кандидатите треба да го исполнуваат условот согласно член 41, став 5 од Статутот на Факултетско студентско собрание, односно да се редовни студенти на “Факултет за физичко образование, спорт и здравје” во Скопје “Факултет за физичко образование, спорт и здравје” во Скопје.

Кон пријавата, кандидатите треба да достават потврда дека се редовни студенти на “Факултет за физичко образование, спорт и здравје” во Скопје, кратка биографија и мотивациско писмо.

Изборот на Заменик-студентски правобранител ќе биде извршен на првата седница на Факултетско студентско собрание по истекувањето на рокот за конкурирање со тајно гласање. За избран ќе се смета кандидатот кој добил мнозинство гласови од присутни членови.

Кандидатите доставуваат пријава и документи до официјалната е-пошта на Факултестко студентско собрание – fssffosz@gmail.com како и до архивата на “Факултет за физичко образование, спорт и здравје” во Скопје, ул. Димче Мирчев бр. 3 или официјалната е-пошта на факултетот –  admin@ffosz.ukim.edu.mk во случај кандидатот да е спречен да ги поднесе со физичко присуство, во рок од 7 дена од денот на објавувањето.

Факултетско студентско собрание на
“Факултет за физичко образование, спорт и здравје” во Скопје