Комисија за етика во научните истражувања
(Research Ethics Committee)
Комисијата за етика во научните истражувања при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) е основана од Наставно-научниот совет на ФФОСЗ
Комисијата има задача да ги разгледува и оценува етичките аспекти на научноистражувачките активности кои вклучуваат испитаници, како и да издава Етичко одобрување за спроведување на истражување/ Ethical Clearance Letter за истражувања кои се планирани и реализирани согласно етичките принципи и важечките регулативи (Етички принципи за спроведување на научни истражувања- линк).
Надлежност на Комисијата
Комисијата разгледува барања за истражувања кои се директно поврзани со:
- факултетот за физичко образование, спорт и здравје
- наставниот и научноистражувачкиот процес на ФФОСЗ
- студенти, наставници, соработници и истражувачи поврзани со ФФОСЗ
- научноистражувачки и проектни активности реализирани во рамки на ФФОСЗ
Комисијата не разгледува барања за истражувања кои немаат директна поврзаност со ФФОСЗ или не се реализираат во рамки на научноистражувачките активности на факултетот.
Постапка за етичко разгледување на истражување
1. Поднесување на барање
Раководителот на истражувањето или еден од истражувачите/авторите доставува:
- пополнето Барање за етичко разгледување на истражување- образецот може да се преземе тука.
- дополнителни документи (доколку е применливо)
Документите се доставуваат електронски на:
📧 research.ethics(at)ffosz.ukim.edu.mk
2. Проверка и етичко разгледување на истражувањето
Комисијата проверува:
- дали се доставени потребните документи
- дали истражувањето е во надлежност на Комисијата
Во процесот на етичко разгледување, Комисијата ги оценува:
- етичките аспекти на истражувањето
- заштитата на испитаниците
- начинот на прибирање и чување на податоци
- доброволното учество и информираната согласност
- можните ризици и безбедносни процедури
Доколку е потребно, Комисијата може да побара дополнителни информации, корекции или дополнувања на документацијата.
3.Одлука на Комисијата
По разгледувањето, Комисијата може:
- да го одобри истражувањето
- да побара дополнувања или измени
- да не го одобри истражувањето доколку не се исполнети етичките принципи
4.Издавање на Етичко одобрување
Доколку барањето е одобрено, Комисијата издава: Етичко одобрување за спроведување на истражување (English: Ethical Clearance Letter). Документот се издава на англиски јазик и се доставува електронски до подносителот на барањето.
5.Спроведување на истражувањето
Истражувањето треба да се реализира согласно:
- одобрениот протокол
- етичките принципи
- важечките законски регулативи
- насоките на Комисијата
Секоја значајна измена на истражувачкиот протокол потребно е повторно да биде доставена до Комисијата за разгледување.
Комисијата настојува да одговори на доставените барања во рок од 7 работни дена.
Правна и етичка рамка
Комисијата е основана согласно:
- Законот за научноистражувачка дејност
- Етичкиот кодекс на УКИМ
- Статутот на ФФОСЗ
Комисијата работи согласно Правилникот за работа на Комисијата- линк.
Комисијата работи согласно:
- меѓународните етички принципи за истражувања со испитаници
- националните законски регулативи
- интерните правила и акти на ФФОСЗ и УКИМ
Корисни документи:
- Етички кодекс на УКИМ
- Статут на ФФОСЗ
- WMA Declaration of Helsinki – Ethical Principles for Medical Research Involving Human Participants
- Committee on Publication Ethics (COPE)
