- Јун 24, 2025
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани идни студенти на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје,
На следниот линк може да го преземете конкурсот : Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година.
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Ве молиме имајте на ум дека регистрацијата е задолжителна!
Ве молиме користете валидна меил адреса и запамтете ја вашата лозинка при регистрирање – ќе ви треба и понатаму!
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на избраниот факултет.
При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- 1. пријава за запишување(образец А1)
- 2. електронска пријава(од iKnow-системот)
- 3. оригинални свидетелства од сите класови
- 4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- 5. извод од матичната книга на родените (оригинал)
- 6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- 7. потврда за уплатa:
– Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161; Конто 722313 00)
– 300 денари на жиро-сметката на факултетот
Напомена, сите уплатници и останати образци ги има готови во книжарата на факултетот!