- Сеп 25, 2023
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани идни студенти,
Во прилог e конечната ранг листа за вториот уписен рок за учебната 2023/2024 година.
Примените кандидати се запишуваат на 26.09.2023 година. При запишувањето кандидатите поднесуваат :
- Индекс, студентска легитимација и пријавни листови (може да ги најдете во книжарата на факултетот).
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5×4,5 и една со димензии 2×3).
- Потврда за уплатени 750 денари со назнака ИКСА на УКИМ, ФФОСЗ (да се наведе факултетот – носител на студиската програма), на жиро сметката 100000000063095 депонент : НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18, приходна шифра 723012, програма 41. Овој надоместок го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи).
- Уплатница од 6,100 денари (државна квота) или 12,200 денари (приватна квота), зависно од квотата во која е примен студентот, на жиро сметката : 1600103093 788 18 и приходна шифра 723012, програма 41.
- Уплатница од 100 денари за осигурување на жиро сметката : 1600103093 788 18, приходна шифра 723012, програма 41.
- Уверение од лекарски преглед (лекарскиот преглед се вади исклучиво во Универзитетска Амбуланта позади студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу)
- Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.
Напомена, сите уплатници ги има готови во книжарата на факултетот.