Комисија за етички истражувања

  • Home
  • Комисија за етички истражувања

Комисија за етички истражувања

(Research Ethics Committee)

 

Комисијата за етички истражувања при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) е основана од Наставно-научниот совет на ФФОСЗ

Комисијата има задача да ги разгледува и оценува етичките аспекти на научноистражувачките активности кои вклучуваат испитаници, како и да издава етичко одобрување / Ethical Clearance Letter за истражувања кои се планирани и реализирани согласно етичките принципи и важечките регулативи.

Надлежност на Комисијата

Комисијата разгледува барања за истражувања кои се директно поврзани со:

  • Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
  • наставниот и научноистражувачкиот процес на ФФОСЗ
  • студенти, наставници, соработници и истражувачи поврзани со ФФОСЗ
  • научноистражувачки и проектни активности реализирани во рамки на ФФОСЗ

Комисијата не разгледува барања за истражувања кои немаат директна поврзаност со ФФОСЗ или не се реализираат во рамки на научноистражувачките активности на факултетот.

Поднесување на барање

За добивање на Етичко одобрување (Ethical Clearance Letter), потребно е раководителот на истражувањето или еден од истражувачите / авторите да поднесе пополнето барање за етичко разгледување на истражување.

Барањето потребно е да биде доставено пред започнување на истражувањето.

Пополнетото барање, заедно со дополнителните документи (доколку е применливо), се доставува на:

ethics(at)ffosz.ukim.edu.mk

Образецот за поднесување барање за етичко разгледување на истражување може да се преземе  тука

Комисијата настојува да одговори на доставените барања во рок од 7 работни дена.

Доколку барањето и приложената документација ги исполнуваат етичките услови и принципи, Комисијата издава Етичко одобрување за спроведување на истражување. Документот се издава на англиски јазик како Ethical Clearance Letter / Ethical Approval Letter.

  • Пример за Ethical Clearance Letter (PDF документ)
  • Правна и етичка рамка

    Комисијата е основана согласно:

    • Законот за научноистражувачка дејност
    • Етичкиот кодекс на УКИМ
    • Статутот на ФФОСЗ

    Комисијата работи согласно Правилникот за работа на Комисијата [линк до посебна страница]

    Комисијата работи согласно:

    • меѓународните етички принципи за истражувања со испитаници
    • националните законски регулативи
    • интерните правила и акти на ФФОСЗ и УКИМ

    Корисни документи (овие вака како линкови):

    Контакт

    E-mail: [ethics@ffosz.ukim.edu.mk]
    Факултет за физичко образование, спорт и здравје
    Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје