- Окт 13, 2026
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани студенти,
Дополнителната испитна сесија на ФФОСЗ ќе се реализира според следните термини:
- Електронско пријавување испити: од 13 до 18 октомври 2026 година.
- Полагање испити: од 19 до 22 октомври 2026 година.
Студентите може да пријават само предмети кои ги имале запишано во зимскиот и летниот семестар од учебната 2025/2026 година.
Надоместокот за полагање изнесува 1.000 денари по предмет (испит) и истите се уплаќаат на сметката на факултетот. Студентот е должен да ја донесе уплатницата со хартиената пријава на испит.
Распоредот за полагање на испитите е достапен во документот приложен кон ова известување.
Ве повикуваме навремено да ги пријавите испитите и да го проверите распоредот за полагање.
