Прв циклус

Термин за испитот по анатомија

Почитувани студенти, Испитот по анатомија ќе се одржи на 11.03.2025 во 14:00 часот во амфитеатар 1.

Промена на терминот за испитот по Скијање

Почитувани студенти, Испитот по предметот Скијање 1,2 и Скијање по новата програма, ќе се одржи на 06.03.2025 четврток, во 11:00 часот.

Промена на терминот за испит по предметите Психологија во физичкото образование и спортот, Родови и спорт и Психолошка подготовка во спортот

Почитувани студенти, Има промена на терминот за испит по предметот Психологија во физичкото образование и спортот и изборните предмети Родови и спорт и Психолошка подготовка во спортот за Вторник 04.03.2025 во 11 часот.

Резултати од испитот по атлетика

Следните студенти го положиле испитот по атлетика : 7049 – 7 7155 – 7 7074 – 7 7052 – 7 7161 – 6

Термини за продолжена испитна сесија – март 2025

Почитувани студенти, Во прилог може да го преземете распоредот на испити за продолжената казнена мартовска испитна сесија. Пријавата за испит со соодветната уплатница, треба да се заверат во студентската служба пред полагањето на испитот. Преземи распоред.

ПРОДОЛЖЕНА ИСПИТНА СЕСИЈА (МАРТ) – 2025 ГОДИНА

Почитувани студенти, Овозможено е пријавувањето на испити на Iknow системот за продолжената (казнена) мартовска испитна сесија. Задолжително треба да ги пријавите оние предмети кои ќе ги полагате до 04.03.2025 година. Доколку не ги пријавите нема да имате право да го полагате испитот. На секој испит се носи пријава со соодветна уплатница од 1000 денари. Право

Известување за предметот Биомеханика

Наставата по предметот Биомеханика ќе започне на 24.2.2025 г. (понеделник) во 10 ч. во амфитетарот на факултетот. Предметен наставник: Проф. д-р Александар Ацески Веб сајт: www.biomehanika.com.mk

Резултати од испитот по скијање 1 и 2

Почитувани студенти, Испитот по скијање 1 и 2 го положиле следните студенти : 6870 6416 Студентите треба да се јават кај предметниот професор Небојша Марковски за оценка во индекс.

Резултати од испитот по педагогија одржан на 06.02.2025

Почитувани студенти, Во прилог може да ги преземете резултатите од испитот по педагогија одржан на 06.02.2025. Преземи резултати.

Практична настава по скијање во Маврово

Започна практичната настава по скијање во Маврово! Студентите од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ја започнаа практичната настава по предметот скијање, каде што ќе имаат можност да ги усовршат своите техники, да ја подобрат физичката подготвеност и да стекнат практично искуство на снег. Оваа настава не е само предизвик, туку и одлична можност