КОНКУРС за упис на нови студенти во учебната 2023/2024



Конкурс за упис на нови студенти во учебната 2023/2024 година.

Прв рок Втор рок Трет рок
Пријавување на кандидатите 30.08. и 31.08.2023 18 и 19.09.2023 28.09.2023
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа) 04.09.2023 21.09.2023
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) 11.09.2023 25.09.2023
Запишување на кандидатите 12. и 13.09.2023 26.09.2023 30.09.2023

Почитувани идни студенти на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје,

За да се регистрирате, кликнете на овој линк: https://upisi.ukim.mk. Потоа кликнете на копчето „Регистрирај се“ и следете ги чекорите.

Ве молиме имајте на ум дека регистрацијата е задолжителна!

Откога ќе ја завршите вашата регистрација, потребно е сите документи да ги прикачите скенирани во последниот чекор од аплицирањето на upisi.ukim.mk во долниот дел на страната наречен „Прикачени документи“.

Дополнително, испратете ги истите документи на оваа меил адреса: upisi-ffosz@ukim.edu.mk.

Како наслов на пораката задолжително напишете го бројот на пријавата која ви го доделува iKnow при процесот на регистрација на Факултетот.

Ве молиме користете валидна меил адреса и запамтете ја вашата лозинка при регистрирање – ќе ви треба и понатаму! Редовно проверувајте го меилот со кој се регистриравте за дополнителни информации!

Овие се документите кои се потребни да се прикачат во последниот чекор на: upisi.ukim.mk како и на меил адресата: upisi-ffosz@ukim.edu.mk

Истите можете да ги видите и во конкурсот за упис (на копчето подолу) од УКИМ.

  • 1. пријава за запишување(образец А1)
  • 2. електронска пријава(од iKnow-системот)
  • 3. оригинални свидетелства од сите класови
  • 4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • 5. извод од матичната книга на родените
  • 6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  • 7. потврда за уплатa:
    – Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161; Конто 722313 00)
    – 300 денари на жиро-сметката на факултетот

Напомена, сите уплатници и останати образци ги има готови во книжарата на факултетот!