ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС И СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ИНДЕКСИ НА БРУЦОШИТЕ
На 1 октомври 2025 година, на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – Скопје се одржа свечениот прв академски час и доделувањето на индекси за новата генерација бруцоши од академската 2025/2026 година. Во свечена и позитивна атмосфера, студентските индекси им беа доделени на бруцошите, со што симболично беше означен почетокот на нивното академско патување.
