Почитувани студенти, Во прилог може да го преземете распоредот за септемвриската сесија за втор циклус на студии. Преземи распоред.
Почитувани студенти, Предметите Аеробик и пилатес, Рекреација и здравје и Логорување со планинарска тура ќе се полагаат на 10.09.2024 во истите термини објавени претходно на распоредот.
Почитувани студенти, Во прилог е распоредот за третата испитна (септемвриска) сесија. Испитите кои ќе ги полагате треба задолжително да ги пријавите на iknow системот во период од 16.08.2024 до 26.08.2024, во спротивно нема да ви биде дозволено полагање на испитите. Задоцнето пријавување на испити во студентската служба изнесува 500 денари од предмет. Преземи распоред
Почитувани студенти, Практичната настава по Логорување ќе се одржи во период од 01.09 до 07.09.2024 година (шест ноќевања) во Скаут – Струга. Цена по лице на база полн пансион е 12.500 денари. Уплатата се врши во туристичката агенција ЈК Травел на Рекорд.