Задолжителна анкета за избор на предмети – прв семестар 2020

  • Home
  • Македонски
  • Задолжителна анкета за избор на предмети – прв семестар 2020


Почитувани студенти,

Ве молиме најдоцна до 28.09.2020 пополнете ја анкетата за избор на изборни предмети во прв семестар 2020 година за сите студенти на прв циклус на студии.

По завршувањето на анкетата, ќе бидат објавени на веб страната 3 предмети кои ќе треба да ги запишете во првиот семестар.

За да ја отворите анкетата за насока ФЗО (четиригодишни студии) кликнете на копчето:

За да ја отворите анкетата за насока СПОРТ (тригодишни студии) кликнете на линкот:

Кратко упатство за пополнување има во самата анкета. За крај, кликнете на копчето ИСПРАТИ.

Студентите кои се запишани на четиригодишни студии потребно е да ја пополнат само анкетата за насока ФЗО (види на линкот погоре). Нема потреба да се пополнува анкетата за тригодишни студии (насока СПОРТ).

Доколку сте запишани на тригодишни студии, пополнете ја само анкетата за насока СПОРТ (види на линкот погоре).

За сите прашања, обратете се на: admin@ffosz.ukim.edu.mk

Ви посакуваме среќен почеток на вашето студирање на факултетот за физичко образование, спорт и здравје.