Втор уписен рок за нови студенти во учебната 2025/2026 на прв циклус на студии

  • Home
  • Македонски
  • Втор уписен рок за нови студенти во учебната 2025/2026 на прв циклус на студии


Почитувани идни студенти на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје,

На следниот линк може да го преземете конкурсот : Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Ве молиме имајте на ум дека регистрацијата е задолжителна!

Користете валидна меил адреса и запамтете ја вашата лозинка при регистрирање – ќе ви треба и понатаму!

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на избраниот факултет.

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  • 1. пријава за запишување(образец А1)
  • 2. електронска пријава(од iKnow-системот)
  • 3. оригинални свидетелства од сите класови
  • 4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • 5. извод од матичната книга на родените (оригинал)
  • 6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  • 7. потврда за уплатa:
    – Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161; Конто 722313 00)
    – 300 денари на жиро-сметката на факултетот

Напомена, сите уплатници и останати образци ги има готови во книжарата на факултетот!

 

Прв рок Втор рок Трет рок За странски студенти
Пријавување на кандидатите 19 и 20.08.2025 11 и 12.09.2025 24.09.2025  До   29.09.2025
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа) 26.08.2025 16.09.2025
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) 29.08.2025 18.09.2025
Запишување на кандидатите 04 и 05.09.2025 22.09.2025 29.09.2025  01.10.2025