- Сеп 25, 2025
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани студенти,
На iknow е овозможен електронски упис на зимски семестар 2025/26.
Сите студенти задолжително треба да го запишат семестарот во iknow, а уплатниците и заверка во индекс се прави со веќе внесен семестар на iknow.
Втора година – 02.10 до 05.10.2025
Трета година – 06.10 до 08.10.2025
Четврта и останати години – 09.10 до 12.10.2025
Во дадените термини треба да се запишете во студентската служба на факултетот. (по овој период има казна за задоцнето запишување на семестар).
Доколку ви фалат оценки во iknow а ги имате положено и имате оценка во индекс, треба да го регулирате статусот на предметите и да ви бидат внесени оценките во iknow, за да не ви ги презапишува автоматски системот и да ви ги означува како неположени предмети.
Изборните предмети ги избирате сами, но треба внимателно да се изберат по дадената програма и да се води сметка дали се изборни од насоката или изборни од УКИМ. Пример, по програмата во која сте запишани ( ФЗО 2022 ), во прв семестар имате 3 изборни предмети кои треба да ги изберете од изборната листа на изборни предмети од факултетот. (наставните програми може да ги најдете во делот За студенти -> Наставни планови -> Прв циклус – https://ffosz.ukim.edu.mk/nastaven-plan-prv-cziklus-studii/ )
Откако ќе го запишете зимскиот семестар на iknow, следен чекор е да ги внесете предметите. Најпрво ги презапишувате задолжителните предмети кои не сте ги положиле од претходниот зимски семестар, потоа ги запишувате задолжителните предмети од семестарот кој го запишувате, и на крај запишувате изборни предмети доколку имате преостанати кредити. Максималниот број на кредити кои можете да ги запишете во еден семестар е 36.
По запишување на семестар и предмети, ќе ви се појави сумата која што треба да ја уплатите за семестарот.
Препорачуваме уплатата да ја извршите преку iknow системот.
Видео упатство за најава и заборавена лозинка на iknow
Видео упатство за запишување на семестар